Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ во неделата го освои седмиот трофеј на Австралијан Опен, а еден ден подоцна со трофејот во раце тргна во победничка прошетка низа парк во Мелбурн.
Ѓоковиќ го победи Рафаел Надал во финалето со 6-3, 6-2 и 6-3 и така стигна до 15. гренслем трофеј во кариерата, со што стигна на третата позиција на вечната листа.
Од Србинот се очекува да триумфира и на Ролан Гарос, со што повторно би ги собрал сите четири трофеи.
„Во моментов има двајца тенисери пред мене, но имам време да ги стигнам“, вели Ѓоковиќ.
Србинот мислеше на Роџер Федерер, кој има 20 гренслем титули и Рафаел Надал, кој има 17.