Ѓоковиќ ја доби наградата „повратник на годината“, а Вајда беше најдобар тренер!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби наградата за „повратник на годината“, додека неговиот тренер Маријан Вајда беше најдобар сезонава.

Србинот ја доби наградата со гласовите на колегите, откако за само четири ипол месеци од 22. место се врати на првата позиција.

„Ѓоковиќ обезбеди историско враќање на првото место на крајот на сезоната и стана првиот тенисер на кој му успеало такво нешто. Петти пат во кариерата заврши како прв, а тоа им успеало уште на Џими Конорс и Роџер Федерер“, пишува на сајтот на АТП.

Словачкиот тренер Вајда, кој се врати во тимот на Ѓоковиќ во април беше прогласен за најдобар тренер во годината.