Ѓорческа не знае да сопре: Овој пат стигна до 200-та позиција!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Лина Ѓорческа повторно напредуваше на ВТА листата.

    Таа овој пат од 206-то место напредуваше до 200-то место на ВТА листата.

    Поради нејзиниот одличен настап на фјучр турнирот во Шарм ел Шеик каде што таа стигна до ¼-финале, освои дополнителни бодови и сега има 274 бодови.

    Но тоа не е се, таа напредуваше и во конкуренција на двојки. На последното рангирање таа е на 139-та позиција со вкупно 504 бодови.