Ѕвезда на Барселона конечно проговори за тешката животна борба: Знаев дека нешто не е во ред


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Роналд Араухо, еден од клучните дефанзивци на Барселона, првпат отворено зборуваше за тежок период низ кој поминуваше надвор од теренот, како и за борбата со менталното здравје која траеше повеќе од една година.

Уругвајскиот репрезентативец се најде во центарот на вниманието откако беше исклучен во поразот на Барселона од Челзи во Лигата на шампиони на Стамфорд Бриџ, а токму тој момент беше пресвртница во неговиот живот.

По тој натпревар клубот му одобри отсуство за да може да се посвети на себе и на својот опоравок, далеку од притисокот на професионалниот фудбал.

Говорејќи за моментот на исклучување, рече: “Во тој момент, со наплив на адреналин, едноставно одиш на се’. Чувствуваш тага, но тогаш, кога натпреварот завршува, се’ ти се срува на плеќите. Веќе чувствував дека не сум во ред, тоа е вистина, но од навика се обидуваш да продолжиш понатаму, а понекогаш ти е потребна помош”, рече за Mundo Deportivo.

Овие зборови јасно покажуваат колку тежок товар носел на своите плеќи, иако однадвор изгледал силен и подготвен за најголемите предизвици.

Во продолжение отворено призна: “Една и пол година се борев со анксиозноста која прерасна во депресија и така играв. Тоа не помага, бидејќи на теренот всушност не се чувствуваш како ти. Знаеш колку вредиш и што можеш да придонесеш на теренот, и кога не се чувствував добро, знаев дека нешто не е во ред. Тој ден сфатив дека тоа е тоа, дека морам да разговарам со професионалци и со клубот за тие да можат да ми помогнат.”