Ѕвезда на Манчестер Сити ја одложува венчавката поради Светското првенство

Голманот на фудбалерите на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, ја одложи својата венчавка за да биде целосно подготвен летово да игра за репрезентацијата на Италија на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, изјави денеска неговиот агент Енцо Рајола.

Италија не играше на последните две Светски првенства во Русија и Катар и сè уште нема обезбедено учество на следниот Мундијал, туку треба да игра во бараж во март, против Северна Ирска, а потоа против Велс или Босна и Херцеговина.

– Сакаше да се ожени летово, но сето тоа го одложи бидејќи најнапред има обврски со Италија. Многу му е важно Светското првенство, бараше да остане концентриран и да се фокусира само на својот клуб и Италија, бидејќи од срце сака да оди на тоа натпреварување – изјави Рајола за радио Спортива.