Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Даглас Луиз се најде во центарот на вниманието откако беше виден во ноќен клуб Pick Up во Торино, неколку часа по тешкиот пораз на неговиот тим од Аталанта со резултат 0-4.
Последен пат Старата дама во првенство загубила дома со четири гола разлика во октомври 1967 година од градскиот ривал Торино со истиот резултат. Луиз, кој е моментално повреден, се забавуваше со пријатели. Неговото однесување предизвика негодување меѓу навивачите на Ювентус.
Некои го изразија своето незадоволство на социјалните мрежи, сметајќи дека неговото однесување е непрофесионално и безгрижно. Бразилскиот 26-годишен играч за врска дојде во Јувентус од Астон Вила минатото лето за 51 милион евра. Досега има собрано 22 настапи и 795 одиграни минути. Се смета за еден од најскапите промашувања во историјата на клубот.