Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус во следното коло игра против Манчестер јунајтед во Лигата на шампиони (ЛШ), а од Торино пристигнува лоша вест бидејќи Марио Манџукиќ нема да настапи за италијанскиот гигнат.
Јувентус на официјалната страна ја потврди информацијата дека Хрватот нема да настапи на дуелот на „Олд Трафорд“ и тоа е голем проблем за тренерот Масимилијано Алегри.
„Во текот на денешниот тренинг Манџукиќ го истегна левиот зглоб и нема да може да игра на натпреварот“, соопштија од „Старата дама“.
Па, на негово место во нападот ќе игра Кристијано Роналдо, а кој друг ќе биде во тимот уште нема информации.
Инаку, Манџукиќ сезонава одигра десет натпревари и постигна четири голови и две асистенции.