Ѕвездата најави заминување од германскиот клуб

„Ако сакам чекор напред во кариерата, морам да заминам на лето“, изјави Обамејанг.

Се ближи моментот кога Пјер Емерик Обамејанг ќе ја напушти Борусија Дортмунд и ќе најде нов клуб. Тоа го потврди габонецот во интервјуто за Радио Монте Карло.

„Ако сакам да напредувам, морам да заминам следното лето. Реал Мадрид е сон, но премногу прашина се дигна околу тоа. Го сакам Дортмунд, но не можам да кажам дека ќе останам уште две, пет или 10 години. Можно е некој клуб да се договори со Борусија Дортмунд и дека во јуни ќе заминам. Кога сте амбициозни сакате да видите нешто повеќе. Тешко е да зборуваш за тоа. Кога фудбалерите имаат амбиција сакаат да имаат ново искуство“, изјави Обамејанг.