Јамал играше фудбал во најопасната фавела на Рио (Видео)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ламин Јамал, младиот ас на Барселона и нова голема ѕвезда на светскиот фудбал, ги изненади многумина со својот потег за време на одморот во Бразил. Наместо гламур и луксуз, реши да игра фудбал со локалните деца – и тоа среде една од најопасните фавели во Рио де Жанеиро.

Фудбалерот на Барселона беше забележан како игра со деца длабоко во срцето на озлогласената фавела Рочина, која е позната по високата стапка на криминал, пукања и секојдневни пресметки на криминални групи. Во тие краишта заблудениот куршум не е реткост, а животи се губат и без причина.

Сепак, Ламине Јамал, кој и самиот пораснал во небезбедно опкружување, покажа дека не се плаши од улиците. Со насмевка на лицето играше со децата и делуваше потполно опуштено, и покрај околината во која и локалците одат внимателно.

Фото: Принтскрин