Јавноста изненадена со новите имиња: Тите го претстави списокот фудбалери на Бразил за претстојните натпревари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентацијата на Бразил следниот месец игра два пријателски меча против Панама и Чешка.

Селекторот на оваа репрезентација, Тите го објави денес списокот играчи на кои ќе смета на овие натпревари, и успеа да ја изненади јавноста со неколкумина нови фудбалери.

Во центарот на вниманието се наоѓа напаѓачот на Реал Мадрид, Винициус Јуниор, кој по првпат во кариерата доби повик во сениорскиот тим на Бразил. Покрај него повик доби и младиот Лукас Пакета кој во јануари го засили Миалн и со своите партии во привлече вниманието на себе.

Исто така, тука се и искусните играчи како Дани Алвеш, Миранте, Тиаго Силва и Касемиро, а сигурно најголемите ѕвезди се Кутињо, Фирмино и Габриел Жезус.

Спсиокот на Бразил изгледа вака:

Алисон, Едерсон, Вевертон, Дани Алвеш, Данило, Филипе Луис, Алекс Сандро, Миранда, Тиаго Силва, Едер Милитао, Касемиро, Артур, Фабињо, Алан, Кутињо, Фелипе Андерсон, Пакета, Евертон, Фирмино, Винициус Јуниор, Габриел Жезус, Раичарлисон.