„Јас не го продадов Мата, тој е сега друг играч“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Еден од важните играчи на Манчестер Јунајтед е Хуан Мата. Тој е посебно интересен, бидејќи сегашниот тренер на Црвените ѓаволи кумуваше заминување на Мата од Челси токму во Манчестер Јунајтед пред две години.

    Се очекуваше дека и сега Португалецот ќе го пушти Шпанецот. Веќе на почетокот се споменуваа Евертон, Барселона и Валенсија, но Мата остана на Олд Трафорд и тоа како еден од важните играчи во системот на Мурињо.

    Логично, англиските медиуми се прашуваат што промени во краткиот временски период.

     „Пред се, јас не го продадов. Моја работа не е да купувам и продавам, веќе да тренирам, работам на теренот и да ги посоветувам челниците на клубот кога е трансфер политиката во прашање.

    Друго, Мата бараше да замине и кога играч сака да замине од клубот, морате да размислите два пати.

    И на крајот, идејата за стил на игра на играчите кои ги имав и целите кои ги имав во Челси се целосно различни од играчите, стилот на игра и од тоа што се очекува од мене во Манчестер Јунајтед.

    Значи, Мата во Челси во моите замисли беше еден играч, а Мата во Манчестер Јунајтед и мојот проект овде е друг играч.

    „Кога ја освоивме титулата, Челси играше во дефанзивен блок бидејќи имавме такви играчи. Целосно е друга работата во Манчестер Јунајтед каде што имате повеќе играчи кои играат транзиционен фудбал. Главната цел е да играме низ посед на топка и тоа е целосно подруг стил на игра од тој во Челси“, рече Мурињо.

    Манчестер Јунајтед ја зазема шестата позиција во Премиер лигата со 12 бодови, шест помалку од лидерот и градски ривал Сити. Мата е трет стрелец во екипата со два гола, а пред него се само Златан Ибрахимовиќ со четири и Маркус Рашфорд со три погодоци.