До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Иако се шпекулираше дека турските гиганти Галатасарај и Бешикташ се заинтересирани за него, поранешниот македонски репрезентативец, Адис Јаховиќ кариерата ќе ја продолжи во тимот на Коњаспор.
Нашиот интернационалец ја прифати понудата на 17. пласираниот тим во турскиот шампионат каде би требало да заработува далеку повеќе отколку во редовите на Гезтепе. Јаховиќ во новиот клуб ќе го носи дресот со број 88 и треба да биде „ударна игла“ во намерата на клубот да обезбеди опстанок во најелитното друштво во Турција.
„Многу сум среќен што дојдов во Коњаспор. Ова е многу сериозен клуб со сериозна структура и многу добри навивачи. Можеби изгледа дека во овој момент ситуацијата е лоша, но можам да ви ветам дека јас и моите соиграчи ќе продолжиме да се бориме и ќе дадеме се од себе на теренот“- коментираше Јаховиќ на презентацијата во новиот клуб.
30 годишниот напаѓач потпиша договор кој ќе го задржи во редовите на Коњаспор во наредните 3.5 години.















