Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црногорскиот интернационалец зборувајќи за медиумите откри дека имал понуда и од Марсеј, но го избрал Монако само поради Лигата на Шампионите.
Поранешниот напаѓач на Интер, официјално беше претставен денеска во новиот клуб, а за новинарите изјави дека и Марсеј бил сериозно заинтересиран за неговите услуги.
„Имав понуда и од Марсеј, но дојдов овде за да играм во Лигата на Шампионите, а фактот дека Монако минатата сезона ја освои Француската Лига, беше одлучувачки во мојот избор.“- изјави Стефан Јоветиќ.
„Последните неколку сезони, за мене беа измачување, но последните шест месеци поминати во Севиља, беше светло на крајот од тунелот“. – заврши напаѓачот кој ќе ги тресе мрежите за Монако.