Јувентус во потрага по замена за Сандро


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од редовите на Јувентус го избрале германскиот интернационалец Јонас Хектор како идеална замена за Алекс Сандро кој речиси сигурно ќе го напушти Торино ова лето.

За Сандро сериозен интерес има од редовите на Челси и ПСЖ, а во последните денови се појави информација дека и Манчестер Јунајтед е заинтересиран за играчот како долгорочно решение за левата бековска позиција со оглед на фактот што Лук Шо веќе ги пакува куферите и ќе си замине од „Олд Трафорд“, а Ешли Јанг е во поодминати години.

„Тутоспорт“ и „Спорт Медиасет“ известуваат дека Јувентус се насочил кон играчот на Келн, Јонас Хектор.

Доколку клубот испадне во понизок ранг, Хектор ќе чини само осум милиони евра, цена која за Јувентус не претставува никаков проблем.