Јувентус доби „корпа“ од Облак


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во последно време медиумите на големо шпекулираа дека Јувентус во своите редови ќе го донесе Јан Облак од Атлетико Мадирд како замена за ветеранот Џиџи Буфон.

Словенскиот чувар на мрежата кој е еден од најдобрите голмани на денешницата  изјави дека не планира да го напушти сегашниот клуб и дека се уште има важечки договор со „Јорганџиите“.

„Имам важечки договор со Атлетико и на таа тема нема што повеќе да дискутирам“- кратко коментираше Облак по најавите за негов трансфер во Торино.

Дали ова значи дефинитивен крај на надежите за Јуве да го ангажира Словенецот или допрва ќе гледаме разврска на случајот останува да видиме.