Јувентус и Реал Мадрид во преговори за Данило


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што јавува „Кадена СЕР“, Јувентус и Реал Мадрид преговараат за бразилскиот бек, но сепак договорот засега е далеку од постигнување.

Јувентус неодамна потврди дека Дани Алвеш нема да продолжи во „Старата дама“ следната сезона. Тоа значи дека „Бјанконерите“ ќе мора да бараат нов десен бек, а еден од кандидатите е и Данило.

Од Реал Мадрид му кажале на челните лица на Јувентус дека Данило е на продажба но по цена која ќе ја одреди клубот од Мадрид.

Кочница на трансферот би можел да претставува фактот што Јувентус  би имал можност да потпише само со уште еден играч кој е неевропски регистриран играч. Од Јувентус се заинтересирани и за Даглас Коста играч кој исто така не е регистриран европски играч.

Доколку Баерн и Јуве се договорат за Коста, тогаш Италијанците ќе мора да се насочат кон друг играч за десната бековска позиција, па затоа се споменува и трансфер на Матео Дармијан.