Јувентус на крилата на Пјаниќ до убедлив триумф против Болоња


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Екипата на Јувентус на крилата на репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ лесно и убедливо славеше на гостувањето во Болоња со 3:0.

Триумфот тимот од Торино го обезбеди веќе по првите 45 минути. „Старата дама“ во водство стигна во 27. минута со прекрасниот погодок на Миралем Пјаниќ од слободен удар.

Девет минути подоцна повторно Пјаниќ беше во главна улога. Овој пат со фантастична топка го проигра Манџукиќ кој го зголеми резултатот на 2:0.

Конечниот резултат го постави Блас Матуиди кој во 64. минута по трет пат ја затресе мрежата на Болоња.

Серија А, 17 коло

Болоња- Јувентус 0:3

Кротоне- Киево 1:0

Фиорентина- Џенова 0:0

Сампдорија- Сасуоло 0:1