Јувентус на маки: Европски гигант не се откажува од Пјаниќ

Управата на ПСЖ бара нови квалитетни засилувања, кои во наредните сезони би можеле да ја освојат титулата во Лигата на шампиони.

Одамна се шпекулираше за Миралем Пјаниќ, а неколку италијански медиуми вчера пишуваа дека фудбалерот на Јувентус е мета на Насер Ал-Келаифи.

За интересот од Парижаните вчера пишуваа „Газета дело Спорт“ и „Туто спорт“. Пјаниќ е еден од играчите кои Јувентус сака по секоја цена да ги задржи во екипата.

Не е познато колку сака ПСЖ да понуди и ако станува збор за неверојатна сума, сигурно во Торино нема да останат рамнодушни. Цената на Пјаниќ на трансфер-маркетот изнесува 65 милиони евра.