Јунајтед во акција: Некогашниот фудбалер на Ливерпул на влезната врата на „Олд Трафорд“?!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Навивачите на Јунајтед се воодушевени од пристигнувањето на Оле Гунар Солскјер кој од моментот кога ја презема функцијата има низа триумфи.

Посебно беше важен триумфот против Тотенхем, но со оглед на тоа дека јануарскиот преоден рок на големо е во тек, „Црвените ѓаволи“ не би имале ништо против доколку видат некои нови лица на „Олд Трафорд“.

Како што наведува, ЕСПН, клубот од Манчестер се „распрашувал за здравјето“ на Фелипе Кутињо кој Барселона потоа го процени околу 100 милиони евра.

Барселона не е воодушевена со идејата некогашниот фудбалер на Ливерпул да замине веќе овој месец, но со оглед на тоа дека не добива голема минутажа, во последно време можно е секакво сцвенарио. Особено ако Јунајтед испрати понуда.

Клубот е исто така заинтересиран и за десниот бек на Кристал Палас, Арон Ван-Бисака, Англичанецот со потекло од Конго, има 21 година и е стандарден репрезентативец во У21 селекцијата на „Гордиот Албион“.

Тој би претставувал замена за 33-годишниот Антонио Валенсија и проценет е на 10 милиони евра