Јунајтед подготвен да го продаде Пол Погба


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Францускиот фудбалер По Погба кој во 2016 година стана најскапиот фудбалер на светот наводно се наоѓа на излезните врати од Манчестер Јунајтед.

Како што пишува англискиот медиум „Сан“ од Манчестер Јунајтед се подготвени да го пуштат Погба да замине во Реал Мадрид за сума од 120 милиони фунти.

Погба не ги оправда очекувањата во Манчестер Јунајтед, па наводно „ѓаволите“ би биле презадоволни да заработат 30 милиони фунти на неговиот трансфер за само две години.

Многумина за лошите настапи на Погба го обвинуваат Мурињо кој го игра повлечено во средниот ред, како организатор на играта. За тоа критики упатија и легендите на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, Пол Сколс и Гери Невил, но Мурињо истакна дека Погба е фудбалер кој фантастично се снаоѓа на сите позиции и дека нема намера да ја менува неговата сегашна позиција.

„Дејли Телеграф“ пак го пишува  сосема спротивното од „Сан“. Според овој весник Погба е подготвен да се бори за клубот на која и позиција да игра и дека нема намера да заминува од „Олд Трафорд“ во блиска иднина.

Што ќе биде со Французинот останува да почекаме уште неколку месеци па да ја дознаеме неговата иднина.