Љубовна бајка во Мелбурн: Се верија во декември, а сега испишаа историја на Австралија опен (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најубавата приказна на овогодинешниот Австралија опен не се однесува на најголемите ѕвезди, туку на двајца вљубени “среќници” кои го живеат својот сон! Австралискиот тениски пар, Медисон Инглис и Џејсон Кублер, имаат двојна причина за славење.

Откако се свршија во декември минатата година, овој пар успеа во разлика од само еден час да обезбеди пласман во главната ждрепка на првиот Гренд Слем на сезоната!

Тоа беше вистинска драма со среќен крај. Кублер губеше 1:0 во сетови од Александар Блокса, но успеа да направи пресврт, пред Германецот да го предаде мечот во одлучувачкиот сет при водство на Австралијанецот (3:6, 6:3, 1:0).

Само еден час подоцна, неговата свршеница Медисон Инглис ја “помете” Германката Тамара Корпач со 6:4, 6:4 и за првпат од 2022 влезе во главната ждрепка.

Најинтересниот момент се случи кога Медисон го забележа својот свршеник покрај теренот додека нејзиниот натпревар сѐ уште траеше.

.