Љоренте истакна зошто го одбил Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фернандо Љоренте изјави дека во последен момент се приклучил на Тотенхем и решил да ја одбие понудата на Челси само поради Маурисио Покетино.

Шпанскиот напаѓач беше трансфер цел на Челси и Антонио Конте, но на крај Љоренте се приклучи на лондоснкиот ривал Тотенхем.

„Вистина е дека Челси беше заинтересиран за мене подолго време, но на крајот се заврши како што знаете. Во последните моменти добив повик од Маурисио Покетино кој ме убеди да се приклучам на Тотенхем“- изјави 32 годишниот напаѓач.

Љоренте го имаше своето деби за Тотенхем на вчерашниот натпревар против Борусија Дортмунд во рамките од Лигата на Шампионите. Шпанецот во игра влезе во 87 минута како замена за Хари Кејн.