„Ќе се борам и наредната година“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Легендарниот боксер од Филипини, Мани Паќао најави дека нема да оди во пензија, туку дека ќе се бори и наредната година.

    37-годишниот боксер оваа година се пензионираше, но по 7 месеци се врати во рингот, каде во натпревар за титула во велтер категорија ВБО го победи Џејси Варгас.

    „Сеуште можам да се борам и телото ми е во добра состојба. Затоа решив да се вратам на боксот, мојот пат продолжува.“

    Паќао во долага и трофејна кариера освои титули во дури 8 различни тежински категории, а во последно време е и политички активен бидејќи е избран за сенатор на Филипините.