Ќе се збогува со Евертон: Руни си најде нов клуб?!

Капитенот на Евертон, Вејн Руни би требало до крајот на неделата да отпатува во Вашингтон, каде што ќе има состанок со управата на Ди Си Јунајтед.

Медиумите пишуваат дека 32-годишниот фудбалер ги договорил услвоите со клубот, па наскоро официјално ќе го потврдат договорот.

Руни се врати во Евертон во јули 2017. година, откако 13 сезони помина во Манчестер јунајтед.