„Ќе те претепам штом те видам!“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Бразилскиот борец Вандерлеи Силва ја откажа борбата против Мирко Филиповиќ.

Тие двајца требаше да се борат во Јапонија за нова година, а по откажувањето на Силва, Кро Коп се налути и напиша дека ќе го претепа Силва штом го види.

„Токму сега добив порака дека Силва се исплаши и ја откажа борбата за Нова година, а се колнам дека пред некој ден му реков на Стипи дека имам чувство дека тој ќе ја избегне борбата.“

„Утрово добив порака. Која кукавица, беше храбар да ме повикува на борба, а сега го нема никаде.“

„Не е срамно да се исплаши, ниту да ја изгуби борбата, но срамота е да глуми силен, а знае дека нема намера да се бори.“

Да потсетиме, тие двајца се соочија 2 пати досега. Првиот пат беше нерешено, а последен пат пред 4 години Мирко успеа да победи.