Џ.Р. Смит го нападна МекГрејди: “Луѓе кои немаат ништо направено се во Куќата на Славните”


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По сѐ изгледа Џеј Ар Смит не се согласува со Трејси МекГрејди околу изјавата која МекГрејди ја даде завчера во интервју за медиумите. Иако многумина му честитаа за храброста за изјавата, Смит реши да го искаже своето мислење преку социјалната мрежа Твитер.

 

Во серија твитови, Смит напиша дека е “глупаво да мислиш дека е лесно да освоиш прстен ама не и да влезеш во Куќата на Славните”.

Смит продолжи со твитовите и потоа напиша дека “да влезеш во Куќата на Славните и не е така тешка задача”.

Иако можеби нападот на Смит не беше насочен директно према МекГрејди, сепак мора да се забележи дека кошаркарската Куќа на Славните скоро и да нема критериум и во неа има членови кои биле добри кошаркари, но ништо повеќе од тоа.

Ова не одзема ништо од достигнувањата на МекГрејди, кој беше еден од најдобрите играчи во својата генерација.

Тој и официјално ќе биде дел од Куќата на Славните по церемонијата која ќе се одржи подоцна годинава.