Џошуа можеби никогаш повеќе нема да се бори?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Промоторот на Ентони Џошуа (36), Еди Херн, призна дека постои можност британскиот тешкаш никогаш повеќе да не се бори професионално. Оваа изјава дојде по сообраќајната несреќа во која на крајот од декември загинаа двајца од неговите најблиски пријатели, што ја направи иднината на боксерот неизвесна, пишува Daily Mail.

Во несреќата близу Лагос настрадаа Џошуиниот кондициски тренер Сина Гами и личниот тренер Латиф “Лац” Ајоделе. Нивните погреби беа одржани во недела, 4 јануари, во лондонската џамија. Џошуа избегна смрт бидејќи непосредно пред тргнување сменил седиште во возилото. Новата година ја помина во болница, по што се врати дома во Лондон на 2 јануари.

Еди Херн, кој е со Џошуа од почетокот на неговата професионална кариера во 2013 година, првпат проговори за ситуацијата. “Не сум имал можност да го видам од страшната несреќа,” рече за IFL. “Се обидува да се справи со сè. Физички се опоравува од повредите што ги претрпе. Тоа не се повреди кои долгорочно ќе влијаат на него, но ќе бараат време,” објасни Херн.

“Боксот е тежок и груб спорт. Не можете само така да се вратите во камп со такви повреди и не знам кога ќе се, или ќе се, врати во камп. Моментално нема разговори ниту потреба за разговор на таа тема”.