Џеко: Бидете храбри и свирнете нешто против Барселона

Фудбалерите на Барселона не блескаа против Рома, но со голема предност ќе одат во реванш средбата од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Каталонците“ славеа против Рома со 4:1, а „Волчицата“ си постигна два авто-гола. Единствениот погодок за Рома го постигна Един Џеко кој по натпреварот истакна дека Барселона е силна, но дека судиите мора да имаат повеќе храброст и да судат и кога нешто не им оди во корист на Шпанците.

„Барселона е посилна од нас, тоа не е спорно, но судиите мора да имаат храброст и да свират нешто против Каталонците на „Камп Ноу“. Да ни судеа пенал на почетокот кога паднав во казнениот простор, натпреварот сигурно би бил поинаков. Сите тимови треба да имаат ист третман“- коментираше Џеко.

Репрезентативецот на Бих исто така истакна дека неговиот тим според прикажаното не заслужил да има толкава негатива по првиот натпревар.