До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Рома го победија Интер со 2:1 во дербито од 7 коло на италијанската Серија А.
Фантастично прво полувреме е видено на Олимпико, а веќе после првите пет минути Рома поведе.
Одличната топка на Бруно Перес во погодок ја претвора Един Џеко за предност од 1:0.
Потоа Интер погоди статива, шансите се редеа пред двата гола, Салах на едната и Кандрева на другата страна промашија зицери, а уште една одлично шанса пропушти Џеко.
Истотака, фантастичен на голот на Роам беше и Војчек Счезни, кој имаше неколку фантастични одбрани, па Рома благодарение на него отиде на одмор со предност од 1:0.
Продолжението донесе нешто послаба фудбалска претстава со многу помалку шанси.
Нешто подобрата игра на Интер се исплати во 73 минута.
Евер Банега погоди за израмнување на резултатот на 1:1.
Сепак, само четири минути траеше радоста на Нероаѕурите.
После слободен удар Костас Манолас највисок е во скокот, и го матира Самир Хандановиќ за предност на Рома од 2:1.
На крајот овој резултат беше и конечен, и Рома после ова коло е на третото место.















