Џентлменски потег на Солскјер: Го врати Џузепе Роси во Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новинарот на БиБиСи, Сајмон Стоун на својот Твитер профил објави информација дека Џузепе Роси се враќа во Манчестер Јунајтед.

Италијанскиот напаѓач за кого многумина предвидуваа блескава кариера се соочува со проблеми по кои не може да пронајде клуб.

Роси е без клуб откако си замина од Џенова, па сега нема каде да тренира во намерата колку толку да ја „оживее“ својата кариера.

Во пресрет на 31 годишниот напаѓач му излезе Солскјер кој го поканил да тренира со првиот тим на Манчестер Јунајтед се додека тој не пронајде нов клуб. Роси веројатно ќе ја прифати понудата и во следните денови се очекува да пристигне во Манчестер.

Роси како екстра талентиран фудбалер пристигна во Манчестер Јунајтед, а за првиот тим на „Ѓаволите“ одигра 14 натпревари.

Италијанскиот напаѓач дефинитивно има огромни квалитети, но честите повреди го спречија неговиот фудбалски развој, па сега се мачи да пронајде нов клуб.