Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард одлучи да го превземе Ренџерс.
Со шкотската екипа потпиша договор на четири години, а од него се очекува Ренџерс да се врати во врвот и да се обиде да ја сопре доминацијата на лутиот ривал Селтик.
Наводно, Џерард размислува за нови засилувања, а по се изгледа ќе го ангажира првото од својот поранешен клуб Ливерпул.
Англичанецот е заинтересиран за Соланке, кој не добива премногу шанса на „Енфилд“ од доаѓањето до Челси, а очигледно Џерард ќе му понуди место во првиот состав, за да го убеди да пристигне.