Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер сити го освои Карабао-купот против Челси, откако славеше на пенали со 4-3, но во центар на внимание беше караницата меѓу Кепа Аризабалага и Маурицио Сари во финишот на продолженијата.
Тренерот на „сините“ побара да биде заменет Кепа со Вили Кабалјеро, но шпанскиот голман одби да го напушти теренот, па тоа предизвика голема драма во последните минути од средбата.
Сари ептен се изнервира, па почна да удира по столиците и потоа ја скина тренерката, но Шпанецот го истера своето и остана меѓу стативите на Челси.
Мирен по драмата не можеше да остане и легендарниот Џон Тери, кој имаше што да каже по целиот инцидент.
„Бев изненаден со тоа што Кепа не сакаше да излезе од игра. Ова е навистина тешка ситуација за Сари, па останува да видиме што ќе се случува во наредните 24 часа. Доколку јас бев во соблекувалната, тогаш ќе очекував тренерот да го решеше проблемот“, објаснува Тери.
Главните „актери“ Кепа и Сари се огласија по мечот против Сити и двајцата потврдија дека станувало збор за недоразбирање, кое се случило поради медицинскиот тим на екипата.