Чудо од дете расте во академијата на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Има 16 години, се вика Анхел Гомез. Запамете го ова име.

На Ѓаволите во минатата сезона им се случи чудо под име Маркус Рашфорд, кој веројатно ќе остане една позитивна работа од оставината на Луј Ван Гал, а следна голема работа на Театарот на соништата може да биде Анхел Гомез.

Овој тинејџер на својот 16-роденден се прослави со хет-трик.

Интересно, играше со постарите од себе, за У18 тимот на Манчестер Јунајтед, кој ги демолираше врсниците од Евертон со 5:1.

Воодушевува со леснотијата со која ова момче ги дава головите, а на големо се шпекулира дека во оваа сезона може да дебитира и за сениорската конкуренција, во резервниот тим на Ѓаволите.