Проблеми за НБА-ѕвездата: Ембид се бори со тешка болест


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатогодишниот освојувач на МВП-наградата во НБА-лигата, Жоел Ембид е далеку од препознатливата форма поради неговите проблеми со здравјето.

Ембид се соочува со Белова парализа, односно болест која одзема дел од лицето. Кошаркарот, за среќа, има поблага верзија на болеста, но воопшто не е пријатна.

„Ова се случува извесен период, а имав и мигрена. Сè почна од плејинот против Мајами. Прво мислев дека не е ништо, но потоа се случуваше сè почесто. Тешко ми е, ама нема да се откажам“, кажа Ембид.