Победа на Наполи на Сицилија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трето коло во најдоброто италијанско натпреварување. Првиот дуел од третото коло го играа Јувентус и Сасусоло каде тимот од Торино славеше со 3:1, а саботниот термин од 20:45 беше резервиран во Сицилија, каде Палермо го пречекува Наполи.

Мирно прво полувреме на Ренцо Барбера во Палермо, градот на Сицилија, во југот на Италија. Без голови, со каде каде подобра игра на Наполи.

Две минути играње од вториот регуларен дел и Марек Хамшик за водство на Наполи на Сицилија. Четири минути подоцна, зголемено водство, Каљехон стрелаше, а во 65тата повторно Каљехон по асистенција на Зјелински за конечни 0:3 победа на Наполи.

Во следното коло наполи игра во Сабота со Болоња дома, а Палермо гостува кај Кртоне ден потоа.