Снајдер: Срам да му е на Ентони, се надевам дека Јунајтед ќе загуби со 0-5 од Сити!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед едвај победи против Ковентри на пенали, а по триумфот срамен потег направи Ентони кој славеше пред противничките играчи.

Бразилецот славеше пред ривалите, а тоа го изнервира легендарниот Весли Снајдер кој удри по Ентони.

„Срам да му е на Ентони поради тоа што го направи. Требаше само да замине од теренот. Се надевам дека Јунајтед ќе загуби со 0-5 од Манчестер сити во финалето“, кажа Снајдер.