Изјавата на Мурињо ги спушти на земја неговите критичари


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Екипата на Манчестер Јујнајтед не игра многу добро во последно време.

    После три врзани порази (два во Премиер лигата и еден во Европа лига), екипата која од клупата ги предводи Жозе Мурињо успеа синоќа да слави во Лига Купот и да ја прекине црната низа.

    Сепак, сеуште стигнуваат доста критики на сметка на Жозе Мурињо, а некои одт така далеку што Мурињо е „прочитана книга“.

    Португалскиот стручнак се одлучи за клупската ТВ да проговори на овие критики и порача на сите што мисли.

    „Знам дека дел од фудбалските Ајнштајнови, а фудбалот е полн со Ајнштајнови, сакаат да избриѓат 16 години од мојата кариера! И не само тоа, тие сакаат да избришат и неверојатна историја на овој клуб. Но тоа е фудбал, полн со Ајнштајнови, кои во тоа нема да успеат“, рече Мурињо.