Неверојатна шанса: МекГрегор оди кон двојна титула!


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Ирскиот УФЦ борец МекГрегор би може да стане првиот човек кој ја освоил двојната титула.

    Еден од најпопуларните борци ќе се бори со Еди Алварез, моменталниот шампион во лесна категорија, во која Мекгрегор се натпреваруваше порано. Борбата ќе се одржи на 12-ти ноември во легендарниот „Медисон Сквер Гарден“, што ќе биде прво натпреварување по 1997  година кога во Њујорк беа забранети натпревари во различни боречки вештини.

    „Ова е борба која навивачите ја сакаа.“, изјави претставник на УФЦ, Дејн Вајт.

    МекГрегор стана актуелен шампион во перо категорија откако во декември го нокаутираше Бразилецот Жозе Алда.

    Во историјата на УФЦ само Пен и Котур биле шампиони во повеќе тежински категории, но ги немале во исто време, што би можел Ирецот да го направи.