Лош за Рома добар за Челси


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Валтер Сабатини ќе добие функција на Стемфорд Бриџ.

    Досегашниот спортски директор на Рома, Валтер Сабатини нема да чека долго на нова работа. Според Кориере Дело Спорт, Антонио Конте веднаш го повика да му се придружи на Стемфорд Бриџ.

    Минатата недела Сабатини даде отказ на кој влијаеше и односот со претседателот Џејмс Палота со чија политика никако не се сложуваше.

    Конте наводно е иницијаторот за доаѓање на Сабатини на Стемфорд Бриџ бидејќи ќе си ја олесни работата и ќе му го препушти доведувањето на фудбалери на искусниот волк.