Ослабениот Наполи поразен од Рома – Џеко и Салах го расплакаа Сан Паоло


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Во дерби натпреварот одигран на Сан Паоло, фудбалерите на Рома го совладаа убедливо Наполи со 1:3.

    Првиот погодок на натпреварот го видовме во 43-та минута. Мохамед Салах му додаде на босанскиот напаѓач на Рома, Един Џеко, а тој го совлада Пепе Реина. На полувреме Рома имаше минимално водство. Един Џеко по втор пат ја затресе мрежата на Наполи во 54-та минута со глава после слободен удар. Алесандро Флоренци беше асистентот. Не помина многу по вториот погодок на Рома, домашните фудбалери се израдуваа. После корнер, дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали го намали водството на волчицата. Мохамед Салах само неколку минути пред крајот на натпреварот го реши прашањето околу победникот на натпреварот. Египќанецот ги постави конечните 1:3.

    Со денешната победа Рома му се приближи на Јувентус на само два бода, но старата дама има натпревар за одигрување. Наполи кој денес беше без повредениот напаѓач, Аркадиуш Милик го запиша вториот пораз по ред во Серија А.