Роналдо откри како Фергусон го убеди да дојде во Јунајтед


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо вчера го продолжи договорот со Реал Мадрид, а на прес конференцијата се потсети на својот почеток.

    Фудбалскиот свет го запозна Роналдо кога стигна во Манчестер Јунајтед, а Португалецот не криеше дека Сер Алекс Фергусон е најзаслужен што тој денеска е таму каде што е. Роналдо на Олд Трафорд стигна од Спортинг, а денеска се одлучи да открие како Фергусон го наговори да дојде во Манчестер Јунајтед.
    „Во Лисабон во 2003 година игравме пријателски меч против Јунајтед и одиграв навистина феноменално. После мечот соиграчите ми зборуваа дека Јунајтед сигурно ќе ме купи, но јас не верував во тоа. Тогаш се појави Фергусон кој ми рече дека сака да разговара со мене. Тоа беше за мене ок, но не знаев навистина дали сака да ме купи“, рече Роналдо и додаде:

    „Тогаш Фергусон најде начин да ми покаже дека сака да бидам дел од неговиот тим. Ме одведе во соблекувалната да се сретнам со играчите на Јунајтед, но јас бев навистина срамежлив. Тој сами ми рече дека сакам ти да бидеш дел од оваа соблекувална и тука беше крајот. После два дена бев во Манчестер и потпишав договор“.

    Роналд во 2009 година се одлучи да го напушти Олд Трафорд и кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.

    Португалецот вчера со Кралскиот клуб потпиша нов договор до лето 2021 година.