Нов НБА рекорд: Голден Стејт подобар од Њу Орлеанс


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Кошаркарите на Голден Стејт беа подобри од Њу Орлеанс со 116:106, а Стеф Кари испиша нова страница во НБА историјата.

    Плејмејкерот на Голден Стејт постигна 13 тројки во дуелот, со одличен удар од 13/17 и постави нов рекорд за постигнати тројки во еден натпревар.

    Кари до овој натпревар беше сопственикот на рекордот заедно со Коби Брајант и Маршал, а натпреварот го заврши со 46 поени. Прв пат во сезоната постигна повеќе од 40 поени, односно 23-ти пат во кариерата.

    Клеј Томпсон постигна 24 поени, а Дурант имаше 2 помалку. Грин постигна 4 поени, 12 скокови и 11 асистенции. Њу Орлеанс сеуште нема победа, а во нивните редови Дејвис постигна 22 поени  13 скокови.

    Лос Анџелес Клиперс го „уништија“ Детроит со 114:82. Екипата од Калифорнија на полувремето имаше водство од 62:32, а одлична игра во 6-та победа од 7 натпревари дадоа Крис Пол со 24 поени, 6 скокови и 8 асистенции, Џеј Редик со 20 поени додека Грифин постигна 13 поени, 10 скокови и 9 успешни додавања.

    Останати резултати:

    Шарлот – Индијана 122:100
    Филаделфија – Јута 84:109
    Вашингтон – Хјустон 106:114
    Чикаго – Орландо 112:80
    Оклахома – Мајами 97:85
    Голден Стејт – Њу Орлеанс 116:106
    Лос Анџелес Клиперс – Детроит 114:82