Пиоли планира лацијализација на Интер? Јануарски егзодус од Олимпико и потера за големиот лов


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    После Андерсон на радарот е и Биља.

    Доаѓањето на Стефано Пиоли на клупата на Интер ја изненади Италија бидејќи според медиумите на кинезите не му се допаѓа поранешниот тренер на Лацио.

    На крајот изборот падна на Пиоли кој започна да крои планови за богатиот преоден рок во јануари. А како што работите стојат, италијанецот планира лацијализација на Интер. На самиот врв на желби е Фелипе Андерсон, а кориере дело спорт соопшти дека и Лукас Биља е во плановите на Пиоли.

    Биља има договор со Лацио до 2018-та година со заработка од 1.4 милиони евра, а Интер наводно е заинтересиран да го доведе аргентинецот.

    Проблемот во овој момент е тоа што Биља бара зголемување на платата на 3 милиони евра по сезона.

    Сунинг групата планира да вложи многу пари во Интер, а се предвидува дека во јануари би можеле да стигнат три засилувања.