„Овие двајца може да ги наследат Меси и Роналдо“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Португалецот и Аргентинецот важат за двајца најдобри фудбалери на денешницата, италијанскиот стратег има одговор на прашањето кој ќе ги наследи.

    Веќе со години наназад исклучиво Лео Меси и Кристијано Роналодо ги земаат сите можни награди кои се доделуваат за најдобрите индивидуалци во светот на фудбалот.

    Љубителите на овој спорт се поделени фанови на фанови на Меси и фанови на Кристијано Роналдо, едноставно се наоѓаме во нивната фудбалска ера.

    Се поставува прашањето, кој може привлече толку внимание на фудбалскиот светот и јавноста после повлекувањето на споменатите двајца од актуелното играње.

    Карло Анчелоти има одговор на тоа прашање, тој верува дека овој двоец во иднина ќе се сметаат за најдобри на светот.

    „Дибала може да испише историја со Јувентус во наредните 10 години. Тој е единствен, не можете да го споредувате со ниту еден играч. Дибала и Нејмар може да ги наследат Меси и Роналдо“, јасен е стратегот на Баерн.