„Достигнувањата на Енди се луди!“


    Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


    Англискиот тенисер, Џејми Мареј изјави дека е горд на својот помлад брат Енди, особено поради фактот дека многу гиганти му дадоа признание.

    Енди Мареј во понеделникот стана најдобар тенисер во светот, по одличните игри оваа сезона, а од сите успеси се издвојуваат титулата на Вимблдон и златото на ОИ во Рио.

    „Мислам дека Енди доби признание за се што постигна. Во последните неколку години, луѓето беа свесни за неговите достигнувања и колку и да беше тешко тој успеа. Не игравме во друга ера, но сметам дека моментално имаме потенцијално 4 најдобри тенисери на сите времиња. Играше во 11 Грен Слем финалиња, а тоа е лудо. Секако дека не победи во сите, но играше неверојатно во нив.“

    Постариот од браќата Мареј изјави дека во текот на поголемиот дел од годината неговото семејство нема вистински впечаток колку нивните успеси се слават во татковината.

    „Ние уживаме во свој свет, патуваме постојано и се се сведува на тенис, тенис и тенис. Но, кога ќе се вратиме во Шкотска, сфаќаме колку Енди е популарен и колку големо име е. И треба да биде, направи неверојатни работи за себе и за тенисот во нашата земја.“

    Мареј од недела на Мастерс купот во Лондон ќе се бори за првото место на АТП листата до крајот на годината со Новак Ѓоковиќ.