Пипита со два погодоци го реши торинското дерби, Несторовски и Палермо поразени од Киево


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од шеснаесетото коло од Серија А се одиграа уште четири натпревари.

Удинезе славеше во Бергамо против Аталанта со 1:3. Запата во финишот на првото полувреме му донесе водство на гостите. На стартот на второто полувреме Аталанта преку Куртиќ израмни. Фофана погоди за водство на Удинезе. Асистентот за двата погодоци, Теро ги постави конечните 1:3.

Палермо на домашен терен запиша нов пораз, овој пат од Киево, 0:2. Валтер Бирса и Пелисиер беа стрелци во победата на Киево. Македонскиот напаѓач, Илија Несторовски ги одигра сите 90 минути во поразот на својот тим.

Јувентус во торинското дерби му нанесе пораз на Торино од 1:3. Белоти после шеснаесет минути игра погоди за радост на домашните навивачи. Гонзало Игуаин во првото полувреме израмни. Аргентинскиот напаѓач во 82-ра минута донесе водство на Јувентус. Конечните 1:3 ги постави Миралем Пјаниќ во финишот на натпреварот.

Болоња и Емполи одиграа нерешено и ги поделија бодовите, 0:0.