Влаховиќ: Не ме интересираат други тимови, мојата иднина е во Јувентус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот голгетер Душан Влаховиќ е среќен во Јувентус и не планира да замине од поранешниот италијански шампион.

Во медиумите постојано се појавуваат шпекулации за следниот тим на Влаховиќ, но Србинот јасно кажа дека сака да остане во Јувентус.

„Имам договор со Јувентус на уште две години. Среќен сум во клубот и сакам да освојуваме титули. ПСЖ или Челси? Слушнав за шпекулациите, но не ме интересираат други тимови“, кажа Влаховиќ.

Влаховиќ оваа сезона настапи на 31 меч за „Старата дама“ и постигна 17 голови и три асистенции.