Бонавентура: Страдавме многу изминативе години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан во Доха го освои суперкупот на Италија со победа на пенали против Јувентус.

Тимот на Монтела освои трофеј после 5ипол години, а задоволството не го криеше ниту Бонавентура кој во Милан е од летото 2015.

„Среќен сум како да не бидам после такви страдања изминатите години. Ова радост е награда за сиот вложен труд“ – изјави Бонавентура и проговори нешто за натпреварот.

„Знаевме дека Јувентус е јак противник и дека ќе не притисне. Тоа им успеа и во првото полувреме, а ние докажавме дека имаме квалитет. Овој натпревар ни дава за знаење дека можеме да играме против екипи како Јувентус“ – вели Бонавентура.

Милан во првенството е петти со девет бода помалку од лидерот Јувентус.