Дали агентот ја откри иднината на Пашалиќ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот хрватски фудбалер Марио Пашалиќ често добива се повеќе шанса за игра во оваа сезона во дресот на Милан.

Тој неодамна во Суперкупот на Италија го постигна одлучувачкиот гол од единаесет метри кој донесе на Милан прв трофеј после долго време.

Инаку, Пашалиќ е на позајмица од Челси, а неговиот агент индиректно рече дека Марио не би имал ништо против останувањето во Милан.

„Тој е многу горд што го постигна тој погодок и што го носи дресот на Милан.

Монтела има голема доверба во него и му дава самодоверба после долгите повреди кои ги имаше.

Марио има простор за напредок. Моментално е на 70 %. Неговата иднина ќе зависи од многу фактори – Милан, Челси и самиот него. Неговите желби се многу важни, а јас ќе ви речам дека Милан е во неговото срце“, рече Марко Налетилиќ, агент на хрватскиот фудбалер.

Пашалиќ во оваа сезона одигра седум мечеви во Серија А и постигна еден погодок.