Дали го видовте “ненормалниот“ тренинг на Донарума?

January 9th, 2017 | by pance
Дали го видовте “ненормалниот“ тренинг на Донарума?
Италија
0

Џанлуиџи Донарума има само 17 години, а многумина веќе сега го сметаат за еден од најдобрите голмани на светот.

Донарума веќе втора сезона по ред е прв чувар на мрежата на Милан и од натпревар во натпревар покажува дека се работи за неверојатен талент.

Многумина веруваат дека тој веќе сега е во ТОП 10 најдобри голмани на светот, и дека само е прашање на време кога ќе биде најдобар.

Италијанските медиуми добија шанса да присуствуваат на еден од тренинзите на овој млад голман и сите се изненадија од “ненормалните“ тренинзи кој ги има Донарума.

Кога ќе погледнете со какво темпо тренира овој тинејџер тогаш сосема ќе ви биде јасно поради што Италијанците за него велат дека е новиот Буфон.

 

Comments are closed.